-->
-->
Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар - 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Франција повика на воздржаност по израелските напади врз Иран
-
Кремљ ја осуди острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ
-
Јорданската армија пресретна дронови и ракети во својот воздушен простор
-
Приведен возач од дебарско, возел со 2,69 промили алкохол во крвта
-
Либанскиот претседател Аун ги осуди израелските напади врз Иран и повика меѓународната заедница да преземе мерки
-
Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 - од утре прво електронско пријавување во јуни
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран