Намален бројот на заразени од Ковид-19, доминира Омикрон „stealth“
Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март.
Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до
14,3%, просечно 10,1%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.032; 60,8%), а највисока неделна
инциденца е регистрирана во Кавадарци – 224,2/100.000 и Скопје – 162,7/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.
Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3%.
Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.
Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во
споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот