Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во април годинава е намален за 1,7 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите четири месеци од годинава бележи намалување од 3,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи опаѓање од 6,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто, додека пораст има кај Капитални производи за 3,0 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 процента.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра