Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз

Во третото тримесечје од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници што е намалување за 6,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година.
Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за 4,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 7,8, во меѓуградскиот за 8,6, а во меѓународниот превоз е намален за 12,5 отсто.
Вкупниот број на поминатите патнички километри, пак, е 292,038 милиони и е намален за 1,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. При тоа, во градскиот превоз е зголемен за 24,2 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 1,3 проценти, во меѓуградскиот превоз за 4,5, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2,8 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
-

Регионалниот развој, врвен приоритет за општините од Југоистокот
-

Преглед на вестите од светот
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
