-->
-->
Намален бројот на лица кои престојуваат во прифатните центри за бегалци и мигранти во Грција
-->
За 12,2 отсто се намалил бројот на лица кои престојуваат во 33-те прифатни центри за бегалци и мигранти во цела Грција и во февруари изнесувал 27.536, наспроти 31.367 лица во јануари, според податоците од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Во февруари, намален бил бројот и на оние кои се сместени на островите во источниот дел на Егејско Море и престојуваат 11.267 лица, за 28,5 отсто помалку во споредба со јануари.
Дополнително, од надлежното Министерството посочија дека Службата за азил продолжува со забрзано обработување на барањата за азил и минатиот месец биле разгледани 6.279 барања, а во истиот период во земјата биле регистрирани 3.828 нелегални пристигнувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз