Намален бројот на гласачки места во општина Кочани

Подрачното одделение на Државна изборна комисија во Кочани, надлежна за спроведување на изборите во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, ги објави избираките места во овие три општини.
Во општина Кочани, како што информираат од подрачното одделение на ДИК, гласањето на изборите закажани на 11. декември, ќе се спроведе на вкупно 61 избирачко место, односно ќе има две избирачки места помалку од претходо. Ова е согласно Изборниот законик кој предвидува за едно избирачко место најмалку 10 запишани граѓани со право на глас.
- Во ИМ број 0894 во село Речани, каде гласаат жителите од село Речани и село Вранинци вкупно има запишано само осум гласачи и за нив гласањето ќе го спроведе Избирачкиот одбор од ИМ број 0895 во село Костин дол. Во ИМ број 0893 во село Безиково има запишани само девет гласачи и за нив како најблиско ИМ гласањето ќе го спроведе Избирачкиот одбор од ИМ број 0902 во село Пресека, изјави Снежана Хаџи Паунова, раководител на Подрачното одделение на ДИК во Кочани.
Во општина Кочани за претсојните избори има и промена на гласачките места. Ги има вкупно седум кај кои е извршено промена на објектот за гласање. Гласањето во ИМ број 0842 претходно беше во приватен објект на улица „Љупчо Сантов“-28, сега гласачкото место со Решение на ДИК е сместено во ОМУ „Ристо Јуруков“, ИМ број 0851 претходно беше во приватен објект на улица „Јане Сандански“ – 3, сега гласачкото место со Решение на ДИК е сместено во ЈОУДГ „Павлина Вељанова“ на улица „Гоце Делчев“ број 3, и ИМ број 0833 претходно беше сместено во зградата на поранешен КЈУБИ, сега заради подобри услови истото ќе биде во згрдата на КЈП „Водовод“.
Во општина Зрновци и општина Чешиново-Облешево нема промени во однос на бројот на избирачките места во кои ќе се спроведе гласањето. Во Зрновци ке се гласа на четири избирачки места, а во Чешиново-Облешево на 13 избирачки места.
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
