Балкан
16. March 2021 - 11:49

Најверојатно ќе бидат затворени сите објекти во Софија

Најверојатно ќе бидат затворени трговските центри, училиштата, градинките и фитнес центрите, како и сите културни објекти во Софија и во софиската област поради зголемување на бројот на заразени лица со Ковид-19, изјави директорот на Софискиот регионален здравствен инспекторат, Данчо Пенчев.

Тој додаде дека мерката се предлага бидејќи се пополнети капацитетите на големите болници за 50 проценти, а иста е ситуацијата со приватните болници.

Како што јави БГНЕС, меркта ќе биде предложена до софискиот штаб по средбата во Министерството за здравство до крајот на неделата.

Предвидено е затворање на објектите да биде во траење од 14 дена.