-->
-->
Најверната пријателка на Јелена од естрадата шокираше
-->

Пејачката Индира Арадиновиќ позната како Инди, која беше една од најдобрите пријателки на брутално убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, сега веќе не сака ни да чуе за неа! Ова е вистински пресврт во приказната со оглед на тоа дека двете делеа пријателство со години, како на естрадата така и во приватниот живот.
Иако на почетокот плачеше и постојано даваше изјави за медиумите, сега Инди само 53 дена по смртта на Јелена, буквално се одрече од неа.
На прашањето на српскиот Информер дека се нуди и награда за оној кој ќе го најде убиецот на Јелена, пејачката се разбеснила: - Ма, оставете ме бре веќе со таа приказна! Имам свој живот, издавам сингл, имам кариера, не можам постојано да се занимавам со убиството на Јелена, рекла Инди.
Сето ова и не би било толку чудно ако пејачката не ронеше солзи велејќи дека Јелена и била најверна другарка и дека делеле се.
Инди не се појави ни на 40 дневниот помен на Јелена.
Секако, сето тоа е многу чудно со оглед дека никој не би кажал и направил такво нешто кога се работи за најверниот пријател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска