Живот
24. November 2017 - 13:10

Најужасно интервју досега: Сериски убиец се смешкаше пред камерите и призна дека убил 62 жени и откри застрашувачки детали

Човекот кој важи за најлош сериски убиец и силувач во Русија одлучи пред престојното судење да даде интервју за една телевизиска станица, а меѓудругото наведе дека бројните негови жртви доброволно се впуштале во сексуални одсноси со него пред да ги убие.

Јавноста дополнително е згрозена од неговото однесување во текот на интервјуто зошто постојано имаше насмевка на лицето.

Поранешниот полицаец Михаил Попков (53), осуден е пред 2 години за убиство на 22 жени, а очекувајќи го второ судење, закажано за наредниот месец, призна уште 64 убиства.

Попков, кому му го доделија прекарот Вукодлак, ги силувал жртвите пред да ги усмрти со предмети како секира, палка, ножеви или шрафцигери.

Без огледа на тоа што е осуден ан доживотна робија, му беше дозволена да даде интервју за „Русија 1“, а тој во таа прилика порача дека за злосторствата е виновна прељубата на неговата жена и демантираше дека е силувач.

Сепак овој поранешен полицаец, ги призна убиствата наведувајаќи дека сакал да го „исчисти“ Ангарск, градот во живеел во Сибир од проституткиI и „неморални жени“. Смешкајќи се и уживајќи внимание, Попков со интевјуто предизвика бес кај народот, при што многумина тврдеа дека се потсмева со жртвите со своијот став, но и со изјавата дека се надева дека еден ден ќе биде ослободен.

-Мојата ДНК е пронајдена на облеката (на жртвите), па автоматски сум обвинет и за силување, но ќе ви речам во 100 отсто од нив, не се силувани. Ако со некој сум имал сексуален однос, тоа било доброволно, рече Попков.

Сепак, престана да се смее кога Ксенија Зотина, новинарката која го интервјуираше, соопшти дека неговата сопруга сега е во врска со полицискиот инспектор Василиј Домарадов кој бил задолжен за неговиот случај.

Тогаш прилично се вознемирил, па прашал: „Колку долго, ако не е тајна“, не скривајќи ја нервозата.

-Не...Нема да размислувам за тоа и да се нервирам. Секогаш може да пронајдете некој позитивен аспект. Таа не треба да го потроши целиот свој живот со глупак како мене, додаде тој.

Сепак тој неа ја обвини за прељуба.

-Имаше инцидент врзан за неверност. Тогаш јас...Ако можам така да кажам...„го излечив“ тоа момче, рече тој.

Ладнокрвно и откри на полицијата како вешто ги бирал жените кои ги убивал во текот на 18 години терор кој го предизвикал во регионот Иркутск, од 1992 до 2010 година.

-Жртви беа оние кои, без придружба на мажи, ноќе и без потреба беа на улиците и се однесуваат опуштено, невнимателно. Оние кои не се плашеа да разговараат со мене, да влезат во мојот автомобил и да тргнат да се повозат во потрага по авантура, кои беа подготвени да пијат алкохол и да се впуштат во сексуални односи, рече Попков.

Го користел своето полициско возило, неудејќи им превоз на лицата кои подоцна ги носел на подалечните места каде ги силувал и убивал.

-Не стануваа сите жени жртви, но оние кои покажуваа одредено негативно однесување имав желба да ги научам и да ги казнам, рече запрашан како бирал кој ќе умре.

Случаите во кои тој е вмешан датираат од 1992 до 2010 година, а жртвите кои се скоро откриени се на возраст од 17 до 38 години, наведоа полициски извори.