Најтопло во Демир Капија, измерени 37 степени
Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови. Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – 31, Берово – 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.
УХМР најавува дека до крајот на денот и на почетокот на вечерта на североисток и исток ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
-Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен, најавува УХМР.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
