Најтажната песна во Југославија: Луѓето се убивале поради нејзе, па Тито ја забранил!
Во 1950 година Драгиша Недовиќ од Крагуевац ја напишал песната "Pluća su mi bolna", откако дознал дека боледува од туберколоза. Многумина сметаат дека ова е најтажната песна некогаш снимена на Балканот. Оваа песна лично ја забранил Јосип Броз Тито, зашто многу луѓе кои заболеле од туберколоза во тоа време, извршувале самоубиства.
Драгиша Недовиќ, бил роден 1916 година, а веќе на 20 години ја напишал песната "U lijepom starom gradu Višegradu". Во 1941 година, со останатите жители на Крагуевац бил изведен на стрелање, но во последен момент, бидејќи бил познат текстописец, го тргнале настрана и го депортирале во Германија каде минал четири години во работен логор во Дормаген.
По завршувањето на Втората светска војна, тој се вратил во Крагуевац, а на почетокот на 1950 година дознал дека има туберколоза. Тогаш ја напишал песната "Pluća su mi bolna".
Песната прв ја снимил Заим Имамовиќ. Се зборува дека толку сугестивно делувала на луѓето, особено на заболените од туберколоза, што многумина под нејзино влијание се самоубивале. Затоа Централниот комитет, по директива на Тито, одлучил да ја забрани песна. И така било додека, десетина година подоцна, на една прослава не ја нарачала Јованка Броз, сопругата на Тито, а песната ја отпеала легендарната Нада Мамула.
Иако се излечил од туберколоза, Недовиќ во 1959 година се соочил со проблеми со срцето. Починал од инфаркт 1966 година. Денес ретко кој може да се сети на неговото огромно богатство од дури 800 песни кои ги оставил зад себе. Меѓунив се наоѓаат песните "Tekla reka Lepenica", "Na Moravi vodenica stara", "Krca, krca, nova kola", "Smederevo, grade od starina"...
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк