Најстудено во Маврово, најмногу снег на Шапка
Утрово најстудено е во Маврово, -9 степени, а максимални два се измерени во Дојран.
Според УХМР, -7 е во Берово, -5 во Скопје-Петровец и Лазарополе, -4 во Крива Паланка, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Дебар и Претор, -3 во Прилеп и Крушево, -2 во Охрид, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија и Виница.
До 7:30 часот висината на снежната покривка е 78 сантиметри на Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 26 во Крушево, 11 во Лазарополе и два сантиметра во Пожаране.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?