-->
-->
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег во Маврово
-->
ВИСИНА НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА
3 Прилеп, 4 Штип, 5 Дебар, 8 Тополчани, 9 Кр. Паланка, 10 Струмица, 11 Куманово, 16 Скопје, 18 Д. Капија, 24 Берово, Тетово, 25 Битола, 29 Крушево, 45 Лазарополе, 46 Ѓуриште, Пожаране, 67 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-18 Битола, Берово, -15 Тетово, -14 Куманово, -13 Скопје Зајчев Рид, Д. Капија, -12 Струмица, Штип, -11 Прилеп, Маврово, -10 Кр. Паланка, -8 Лазарополе, Виница, Тополчани, Претор, -7 Гевгелија, -6 Дојран, Ѓуриште, Пожаране, Дебар, Охрид, -5 Крушево.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува ведро и многу студено време, особено во источните делови и по котлините. Во Битола е многу студено со магла и ниска облачност, а во останатите котлини има слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места и планините.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Претпладне со појава на магла во котлините. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -2 до 6 степени. Скопје Претпладне со појава на магла , а во текот на денот сончево со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до околу 1 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Попладне ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладнето.
Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а и дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон