Најстудено во Берово, Прилеп и Струмица
– Најстудено изутрина е во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и Виница, -2 Битола и -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, три во Крушево.
Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.
Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.
Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години