Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
Најниска температура од -3 степени утрово е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 6 степени Целзиусови. Во Лазарополе е регистрирана температура од -2 стпепени, -1 се измерени на Попова Шапка и во Маврови Анови, 0 беше во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Битола, 1 степен во Тетово, Велес и Претор, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Штип, Прилеп, и Крушево, 3 во Струмица, Кавадарци и Виница, а 4 степени се измерени во Демир Капија.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер