Најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија
Најстудено утрово е во Берово, со измерени -2 степени, додека најтопло во Демир Капија со 7 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минимални температури измерени во 7:30 часот се -2 Берово, 0 Лазарополе, Скопје-Петровец, Струмица, 2 Попова Шапка, Маврови Анови, Гевгелија, Тетово, Крива Паланка, 3 Битола, 4 Крушево, Дебар, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 5 Кавадарци, Претор, 6 Дојран, Виница, 7 Демир Капија.
Во текот на ноќта времето било претежно облачно, наместа со слаб до умерен променлив ветер, а изутринава е претежно облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од јужен до југозападен правец.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и релативно топло понекаде со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци