Најстудено во Берово минус четири степени

Најниска температура утрово од минус четири степени е измерена во Берово, соопшти Управата за Хидрометеоролошки работи.
Минус два степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Лазарополе и Струмица, минус еден во Куманово, Тетово, Крива Паланка, Маврово и Демир Капија, нула во Прилеп, Штип, Дебар и Гевгелија, еден степен во Скопје, два во Охрид, Крушево, Претор и Тополчани, три во Виница, четири во Пожаране и Ѓуриште, до пет во Дојран.
Магла по котлините утрово има во Скопје, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и Битолско. Понекаде има мала до умерена претежно висока облачност. Понекаде дува и слаб променлив ветер.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Температурата во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има магла, а од средината на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи до 12 степени.
Од УХМР информираат дека утре претпладне по котлините ќе има појава на магла, во попладневните часови во западните делови од државата ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините паѓа снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови. До понеделник наутро минималната температура ќе е во постепен пораст, а потоа умерено ќе опадне.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
