Најстудено во Берово, Битола и Попова Шапка
Во Берово, Битола и Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени - 4 степени, -3 Скопје-Петровец, Струмица и Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево и Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид и Дојран и 1 степен во Претор и Дебар.
Снежна покривка од 38 сантиметри има на Маврови Анови, 20 Крушево, 12 Попова шапка, а во Ѓуриште еден сантиметар.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините долж Повардарието ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно