Најстудено утрово на Попова Шапка
Најниска температура од -5 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Маврово и Крушево со -2 степени и Берово со -1 степен Целзиусов.
Како што соопштуваат од УХМР, во останиот дел од земјава температурите утринава над нулата. Во Дебар, Охрид и Битола е измерен 1 степен Целзиусов, 2 во Прилеп и Крива Паланка, 4 во Штип, Виница, Дојран, Демир Капија Струмица, Претор, 5 Куманово, Скопје – Зајчев Рид, Скопје -Петровец, Тетово и 6 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 16 часот, вчера, највисока на Попова Шапка 17 сантиметри и 8 во Маврови Анови и Крушево.
За девет часа, до 16 часот вчера најмногу дожд паднало во Битола – 18 л/м2, 12 во Охрид, 9 во Демир Капија, 8 во Крушево, Виница, Крива Паланка, Струмица и Пожар. Следат Штип, Маврово,и Претор со 6 л/м2, 4 Берово, 3 Гевгелија, 2 Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Прилеп и во 1 Куманово и Пожаране.
Ново на Сител
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода