Најстудено на Попова Шапка со -10 степени
Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка - 10 степени Целзиусови, -7 во Маврови Анови, -4 во Берово, Крушево и Скопје-Петровец, -3 во Тетово, -2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Дебар, Струмица и Демир Капија.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Битола и Прилеп, 1 во Куманово, 3 во Дојран и 4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува пет сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Ново на Сител
-
СУТКОЗ утре ќе го блокира цело Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица
-
Османи ветува одлучна борба со корупцијата во Чаир
-
Меџити: Нови училишта и градинки во Чаир
-
Падот на наталитетот е сериозен проблем и прв приоритет на владата