Најстариот инфектолог на Инфективна ја прими првата вакцина

64-годишната Примариус д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра на Инфективната клиника Габриела Темелковска се првите медицински работници кои ја примија вакцината на Фајзер против Ковид-19. По аплицирањето на првите дози и двете медицински работнички изјавија дека се чувствуваат добро и веќе им е закажан термин за ревакцинација, 21 ден од сега. Министерот за здравство.
Венко Филипче објаснувајќи ја процедурата за имунизација рече дека при вакцинацијата на сите здравствени работници ќе им се одредува термин за примање на втората вакцина. Тој нема да биде меѓу првите кои што ќе ја примат вакцината на Фајзер бидејќи смета дека приоритет треба да имаат медицинските лица кои директно работат со ковид-пациенти.
Според Јовановска антителата против вирусот треба да почнат да се создаваат три недели по примањето на првата доза, а втората доза е за сигурност дека телото ќе создаде имунитет.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
