-->
-->
Најстариот брачен пар на светот: Заедно имаат 215 години
-->
Хулио Цезар Мора и неговата сопруга Валдрамина Макловија Квинтерос од Еквадор се во брак 79 години и важат за најстарата брачна двојка во светот. Заедно имаат 215 години и, со тоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди.
Хулио има 110 години, а Валдрамина е пет години помлада од него.
Тие се наставници во пензија. Се запознале 1930-тите, на одмор при училиштен распуст затоа што сестрата на Валдрамина била мажена со братучед на Хулио. По седум години, на 7 февруари 1941, се венчале.
„Семејното единство се одржува со љубов, меѓусебно почитување, чесна работа и семејни вредности“, ќе рече парот.
Хулио и Валдрамина имале пет деца, 11 внуци, 21 правнук и девет праправнуци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
