Најскапото грозје на светот: 10 илјади долари за килограм
Јапонците го нарекуваат ова грозје „Руби Роман“ затоа што е убаво како рубин и се чувствувате како римски император откако ќе го пробате.
Црвеното грозје е слично по големина на топчињата за пинг-понг. Секое од овие „топчиња“ е полно со вкусни сокови. Освен што е толку сочно, ова грозје има и висока содржина на шеќер и ниска киселост. Нешто како шеќерна бонбона со малку кисел вкус, мека и сочна. Богати поединци од Хиакуракус го купиле ова грозје по рекордно висока цена во 2019 година. Тие платиле 10.000 долари за околу килограм, што значи дека едно парче грозје чини околу 470 долари.
За оваа сума можете да купите прстен од осумнаесет каратно злато со дијаманти и рубин. Потекнува од јапонската префектура Ишикава, а беше претставено во 2008 година како врвно овошје. Компаниите го даваат како промотивен подарок. Покрај тоа, лозарите продаваат само одредена количина, со цел да ја задржат ексклузивноста, побарувачката и цената.
Ново на Сител
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш