Најсекси докторот се врати на Инстаграм, жените лудуваат
Пластичниот хирург од Белград, Василије Вујовиќ стана вистинска ѕвезда откако британскиот „Daily Mail“ неодамна го прогласи за најсекси доктор на светот. Овој 29-годишен хирург специјализирал реконструктивна и естетска хирургија, а освен со оваа титула жените ги привлекува и со неговиот изглед.
Тој е многу популарен во операционата сала, но често поради својот изглед наидува на проблеми. Комплименти пристигнуваат од сите страни, но со нив и искушенија со кои како што вели не е лесно да се справува. Вујовиќ некое време апстинираше од социјалните мрежи, а неговото враќање со одушевување го дочекаа многу жени.
– Не сакам агресивни девојки. Физичкиот изглед не е битен. Убавината е во човековото око со кое ја гледа девојката. Според тоа, битно ми е да ми е убава мене, изјави Василије Вујовиќ за Daily Mail.
За жал на многу девојки, тој е среќно женет, а веќе има и петгодишен син.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт