Најозогласената секта на светот открива дека стои позади победата на Трамп!
Поранешниот водич на ектремно расистичката организација Кју клукс клан, Дејвид Дјук, ја прослави победата на Доналд Трамп на претседателските избори и нагласи дека подржувачите на оваа озогласена група имале голема заслуга за победата на кандидатот на републиканската партија.
- Ова е една од навозбудливите ноќи во мојот живот. За да нема забуни, нашите луѓе одиграа значајна улога во изборот на Трамп за претседател, напишал на својот Твитер профил поранешниот голем маг на Кју клукс клан.
Во текот на изборната кампања Трамп се соочи со жестоки критики затоа што не се дистанцираше од јавната поддршка која ја изразија Дјук и Кју клукс клан. Во време на претседателската трка членовите на ККК во знак на поддршка на Трамп се собрале во Невада, облечени во вообичаените бели костими со капуљачи на главите.
Сепак, во последните недели од кампањата, пишува Политико, изборниот штаб на Трамп проба барем делимично да му го спаси образот.
Синот на Доналд Трамп, Ерик, во еден момент отиде во друга крајност и изјави дека „Дјук заслужува куршум“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница