Најмногу жалби до СЕММ за некоректно известување и говор на омраза

За две години постоење до Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) досега пристигнале 121 жалба и претставка, од кои за 98 се донесени одлуки. Најчести подносители на жалби се граѓаните, самите медиуми и политичарите, а најчести теми се вистинитоста и нефер известувањето, говорот на омраза и навредите и клеветите, информираa претставници на Советот на денешната прес-конференција.
Извршниот директор на СЕММ Марина Тунева истакна дека значењето на саморегулацијата полека се препознава, но и дека се уште е потребно да се работи активно на информираноста и за значењето и ефектите на саморегулацијата во заштитата на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде етички и професионално информирана.
Драган Антоновски од СЕММ рече дека тоа што е битно е оти се прават грешки во професијата и има начин да се исправат, се разбира ако не се ненамерни.
- Не мора да се да заврши на суд со тужби и казни. Ние работиме со моралните казни и етичкиот кодекс. Може да се згреши и мора да се признае грешката. Тешко е, но мора да се научиме на професионалност и на правила, истакна Антоновски.
Посочи дека Советот за етика е подготвен и веќе е медијатор со медиумите, како и дека медиумите со потпишувањето на Повелбата на 12 февруари се подготвени да го почитуваат кодексот.
Сефер Тахири од ССЕММ, истакна дека бројот на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрување на медиумскиот систем во земјата.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
