Најмногу снег во Маврово, најстудено во Ѓуриште
До осум часот утрово снежната покривка е највисока во Маврово, 72 сантиметра, а најниска во Претор, еден. Најстудено е во Ѓуриште, -10 степени, а максимални нула се измерени во Охрид, Гевгелија, Дојран.
Снегот достигна 50 сантиметри во Пожаране и Лазарополе, 45 во Ѓуриште, 31 во Крушево, 30 во Тетово, 28 во Битола, 25 Берово, 20 во Скопје-Петровец, 18 во Демир Капија, Скопје-ЗајчевРид, 11 во Тополчани, 10 во Струмица и Крива Паланка, шест во Штип и три во Прилеп.
Според УХМР, -8 се измерени во Маврово, -7 во Крива Паланка и Пожаране, -6 во Лазарополе и Куманово, -5 во Тетово, Крушево и Берово, -4 во Скопје, Дебар, Шти и Тополчани, -3 во Прилеп и Виница, -2 во Демир Капија, Битола и Струмица и -1 во Претор.
Во последните 24 часа се наврнати еден литар на метар квадратен воден талог во Пожаране, Д. Капија, Битола, Претор, Маврово.
Времето во текот на ноќта беше облачно со повремени локални врнежи од снег, претежно со слаб интензитет, особено во западните и јужните делови. Изутринава речиси на секаде врнежите се престанати, а снежната покривка од овие врнежи незначително се зголеми. Дуваше слаб до умерен, а утрово вдолж Повардарието и во источните делови и засилен ветер од северен правец.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен слаб снег, особено во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, како и на планините повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до еден степен.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во петок и сабота и претежно сончево и тивко. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните за време на викендот во благ пораст
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“