Најмногу снег во Дебар, најстудено на Попова Шапка
Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри, информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка - 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.
-Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5, информира УХМР.
За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија