Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен

Четириесет и два литра на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица изминатите 24 часа, до седум утрово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Гевгелија изнесувала 36 литри на метар квадратен, 30 - Пожар - Радовиш, 29 - Претор, 26 - Битола, 24 - Крушево, 23 - Тополчани, 18- Попова Шапка, Маврови Анови, 17 - Прилеп, 16 - Демир Капија, 15 - Берово, 14 - Пожаране, Виница, 12 - Тетово, 10 - Штип, Ѓуриште, 9 - Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 - Скопје - Петровец, Куманово, 6 - Скопје-Зајчев Рид, покажуваат податоците на УХМР.
Најниската минимална температура, 6 - била евидентирана во Крушево, Маврови Анови, Лазарополе. Потоа 8 - Претор, 9 - Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 - Тетово, 11 Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 - Велес, Штип, 13 - Гевгелија, Струмица, 14 - Демир Капија.
Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според УХМР, наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни - над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура се очекува да биде во интервал од 14 до 18 степени.
Синоптичарите за во Скопје предвидуваат претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура да достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
