-->
-->
Најмногу дожд во Пожаране, Гевгелија и Крушево
-->
Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Пожаране, Гевгелија и Крушево.
Според информациите од УХРМ, во Пожаране наврнале 25 литри на метар квадратен, во Гевгелија 19, во Крушево 18 и во Тетово, Претор и Битола 13 литри на метар квадратен.
Утринските температури во целата држава се над нулата. Најстудено е во Лазарополе каде се измерени два степена, а најтополо во Демир Капија и Виница 11 степени.
За денеска синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни (над 35л/м2), а на места и поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини ќе врне снег. Кон крајот на денот, врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата