Македонија
15. јуни 2025 - 12:47

Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена

На 14.06.2025 година околу 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип е пријавено дека на земјен пат во близина на улицата „Миро Барага“ во Пробиштип, товарно возило „Мерцедес“ со кратовски регистарски ознаки, управувано во З.А.(57) од Кратово удрило во пешакот Ј.Ј.(68) од Пробиштип, соопшти МВР.

Во несреќата Ј.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.