Најмногу дожд во Попова Шапка, услови за снег на планините на северозапад
Во изминатите 24 часа најмногу дожд - 14 литри на метар квадратен наврна на Попова Шапка, 10 литри во Тетово и Маврови Анови, осум во Крушево, пет во Берово и Лазарополе, четири во Охрид, три во Претор и Виница, два во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, Велес, покажуават мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 метри надморска височина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“