Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
Во изминатите 24 часа, до 8 часот најмногу дожд наврнал во Охрид - 14 литри на метар квадратен, потоа во Битила, Кавадарци и Тополчани - по 12. Потоа следи Маврови Анови - 10, Берово - 9, Лазарополе и Попова Шапка - по 8, Штип - 7, Виница и Пожаране - по 5, Велес, Гевгелија и Тетово - по 3, Скопје-Петровец и Куманово - по 2 и по еден литар на метар квадратен во Струмица и Крива Паланка.
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР до 8 часот. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот