Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините

Најмногу дожд денеска до 16:30 часот наврна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.
УХМР информира дека до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови, каде се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. В петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.
МИА
Ново на Сител
-

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина
-

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток
-

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
-

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово
-

Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја
-

Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
