Најмногу дожд во Гевгелија, ќе врне и денеска
Најмногу дожд, 38 литри на квадратен метар, во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Крушево до 7.30 часот се измерени 33 литри на метар квадратен, во Демир Капија 25 литри, 24 во Пожаране и Битола, 21 во Маврово, 20 во Прилеп, 17 во Тополчани и Дојран, 16 литри во Претор, Ѓуриште и Охрид, 15 во Лазарополе, 13 во Скопје, 12 во Куманово, 11 во Штип, Тетово и Струмица. Девет литри наврнат воден талог во изминатото деноноќие има во Виница, 8 во Дебар, 6 литри во Берово и 3 во Крива Паланка.
- Под влијание на циклонска активност и денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар. Во текот на денот врнежите ќе се преместуваат кон исток. Утре врнежите ќе бидат поумерени и претежно во источните делови, а во недела слаби и локални. Од понеделник со засилен северен ветер ќе има позначително заладување со врнежи од дожд и снег кој освен на планините ќе се појави и на повисоките места особено на север и на запад, соопшти УХМР.
Најниската утринска температура денеска е измерена во Маврово, 3 степени, а највисока од 11 степени во Дојран, Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје утрово се измерени 9 степени.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228