Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија
– Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија, еден литар.
Како што соопшти УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 13 литри во Крива Паланка, 11 во Прилеп, 4 во Тополчани и Ѓуриште, како и 2 во Битола, Штип, 1 Пожаране, Претор, Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 5.
Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 29 степени.
Ново на Сител
-

Балканскиот рис исчезнува
-

Преглед на вестите од светот
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
