Свет
2. April 2020 - 16:48

Најмладата жртва на коронавирус е бебе старо само 6 недели

Новороденче старо само шест недели почина од коронавирус во американската сојузна држава Конектикат.

„Тестирањето потврди дека новороденчето е позитивно на Ковид-19. Ова навистина е срцепарателно. Мислиме дека ова е најмладата жртва која починала од компликации поради коронавирусот во целиот свет“, рекол гувернерот Нед Ламонт, пренесе „Раша тудеј“. Гувернерот потврдил 429 нови случаи на коронавирус во оваа држава, како и 16 смртни случаи, вклучително и бебето.