Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Најмалку три лица се убиени, а петмина повредени во денешниот напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј.
– Мотивот за нападот засега не е познат, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело.
Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото.
По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.
– Сите важни локации, железнички станици, автопатишта, метро станици и аеродроми се во состојба на зголемена подготвеност, посочи Чо.
Додека градоначалникот на Тајпеј, Чианг Ван-ан посочи дека осомничениот за нападот најверојатно „извршил самоубиство, скокајќи од зградата за да избегне апсење. Тој додаде дека една од жртвите загинала додека се обидувала да го спречи нападот.
Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се девет луѓе.
Насилните злосторства се ретки на Тајван. Сличен напад се случи во метрото во Тајпеј во 2014 година, кога со нож беа усмртени четири лица. Напаѓачот во 2016 година е погубен.
МИА
Ново на Сител
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
