Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

Најмалку три лица загинаа а уште најмалку 17 други се повредени во силна експлозија во станбена зграда во јужен кварт на Букурешт, објавија романските медиуми во петокот, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Експлозијата зафатила два ката од осумкатницата, при што становите во горниот агол од зградата биле најоштетени. Следел пожар, според последните информации од Генералниот инспекторат за вонредни ситуации. Парчиња од зградата се откршиле по експлозијата и паднале во близина на станбениот блок.
Повеќекатна зграда во посиромашен кварт на Букурешт е во опасност од уривање, што ги зголемува стравувањата од повеќе жртви, велат медиумите.
Според властите, најверојатната причина е гасот, и покрај извештаите дека екипите на гасната компанија претходно го исклучиле гасот до зградата.
Меѓутоа, засега нема точни информации за можната причина за експлозијата, во која меѓу повредените се и две деца, од кои едно е во критична состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Малолетничкa киднапиpана од својoт поранешен дечко
-

Дончиќ постави клупски рекорд
-

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Струга-Враништа
-

Стратегијата за образование 2026-2032 достапна за предлози, Јаневска го повика граѓанскиот сектор да се вклучи во јавната дискусија
-

Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто
-

Кривични пријави за двајцата малолетници за случајот со силување 12-годишно девојче од Охрид
-

Србија издвојува 90 милиони евра за обновување на обврската за служење во војска
-

Мицкоски: ВРЕДИ нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер
