Најмалку сто талибанци загинати во воените дејствија во северен Авганистан

Акцијата на авганистанските специјални единици против талибанците во Кундуз на северот од земјата, со поддршка на НАТО, продолжува.
Талибанците вчера ја нападнаа провинцијата Кундуз од повеќе страни, по што авганистанската војска отпочна контраофанзива и ги поттисна бунтовниците.
- Со помош на специјалните сили, започнавме операција и го „исчистивме“ центарот на градот. НАТО ја поддржа копнената офанзива од воздух, изјави Мохамед Касим Џангалбах, началник на полицијата во Кундуз.
Асадула Амарил, гувернерот на провинцијата пак, потврди дека талибанците се поразени, дека меѓу нив има голем број жртви, нема веќе борби, но дека расчистувањето на теренот се уште трае.
- Луѓето би требало да им се вратат на секојдневните обврски и да одат на работа, додаде гувернерот.
Според кажувањата на Џангалбах, во предградијата на Кундуз се убиени околу сто талибанци.
- Доколку барем еден од нив се крие во куќите, ние тоа ќе го средиме, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
