Најмалку седум мртви од смртоносни дињи во Австралија
Дињи, заразени со бактерија листерија се извезени од Австралија во најмалку девет земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Во Австралија неодамна починаа седум лица и беше регистиран еден спонтан абортус, како последица на јадење диња од видот канталупа.
Дињи се извезени во Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Оман, Катар, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а можат да стасаат и до Сејшелите, се наведува во соопштението на СЗО.
Во Австралија во јануари беа потврдени 19 случаи на заболени од листерија, бактерија која има долг период на инкубација - од една недела до 90 дена.
На почетокот на март, австралиските власти открија дека дињи се извезени, поради што испратиле детални информации на купувачите по пат на мрежата „Безбедност на храната“.
- Се верува дека причина за ширење на заразата е комбинација на условите во животната средина и времето на загадување на површината на плодот со бактерија која опстојува и по процесот на миење, наведува СЗО.
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
