Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил
– Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа удрила во моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба.
„Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис“, соопштија локалните власти. Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите. Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница. Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
