Најмалку пет жртви во судир на два мали авиона над Франција
Два мали авиона се судрија во воздух над западна Франција, при што загинаа пет лица, пренесе Би-Би-Си.
Несреќата се случи вчера попладне југоисточно од градот Турс. Околу 50 пожарникари и спасувачка екипа пристигнале на местото на несреќата. Помалиот авион, во кој имало две лица, паднал врз ограда од една куќа во Лохес, место на околу 46 километри југоисточно од Турс. Сведок на настанот изјави дека авионот се запалил по падот. Поголемиот авион „Дијамант ДА40“ со тројца патници и двајца членови на екипажот, паднал 100 метри понатаму во ненаселена област. Сите пет лица од авионот загинале.
Се уште нема официјални информации за причините за судирот, а не се знае ниту идентитетот на загинатите. Судири на авиони во воздухот се сметаат за многу ретки.
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
