Најмалку пет загинати во ракетен напад во Одеса, погодена е и станбена зграда
Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица – додаде тој.
На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка.
„Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. „Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.
Ново на Сител
-
Тоа што потекнувам од мала земја беше мојот поттик да успеам | Славчо Темелковски | Sitel Podcast 114
-
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
-
ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари
-
Следните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје
-
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-
Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
-
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
-
Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина