-->
-->
Најмалку пет лица убиени во оружен напад близу хотел во Брегот на Слоновата Коска
-->
Најмалку пет лица се убиени во пукањето близу крајбрежен хотел во градот Гранд-Басам во Брегот на Слоновата Коска, соопшти египетскиот весник „Дејли стар", пренесува ТАСС.
Според изданието, кое се повикува на очевидец, група од околу десетина луѓе, кои скандирале екстремистички пароли, отворила оган од автоматско оружје. Трагедијата се случила близу хотелот „Етоал ду сјуд"
Локалната власт соопшти дека во инцидентот жртви се пет мажи, пет жени и едно дете, но без да прецизира дали се тие мртви или ранети.
Локалните власти уште известуваат дека убиени се петмина напаѓачи, а по други пет се трага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија