-->
-->
Најмалку осум жртви во пожар во фабрика во Бангладеш
-->

Најмалку осум работници загинаа во пожар во фабрика за пластика во близина на главниот град на Бангладеш, Дака.
Седум лица починале во болница откако биле примени со сериозни изгореници, информира лекар од болницата во Медицинскиот колеџ во Дака.
Пожарникарите го пронашле телото на осмиот работник во просториите на фабриката откако го изгаснале пожарот.
На пожарникарите им биле потребни два часа да го совладаат пожарот во кој биле повредени најмалку 35 работници кои се обиделе да ги изгаснат пламените со противпожарни апарати инсталирани во еднокатната фабрика покриена со лим.
Пожарот најверојатно бил предизвикан од шпорет на плин и брзо се проширил откако дошол во контакт со запаливи материи кои се користат за пластични производи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
