Најмалку осум загинати при ударот на бурата Флоренс во САД

Најмалку осум лица загинаа при налетот на тропската бура Флоренс, што ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Бурата предизвика големи полави во делови на Северна и Јужна Каролина, примнудувајќи најмалку 20.000 лица да ги напуштат своите домови.
Во акциите за помош на настраданите се вклучени припадници на Маринскиот корпус, крајбрежната стража и цивилната заштита, како и голем број доброволци.
Гуверенерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека Флоренс продолжува да „истура монументални количества на дожд“, иако нејзината моќност е намалена.
- Многу луѓе кои мислат дека бурата ги одмина, се уште не се соочиле со нејзините закани, изјави Купер, додавајќи дека поради невремето околку 800.000 домаќинства во Северна Каролина останале без електрична енергија.
Флоренс се формира како ураган над Атлантскиот Океан, но откако во петокот пристигна до источниот брег на САД, ослабна на ниво на тропска бура. Во нејзиното жариште вчера претпалдне по локално време дуваа ветришта со брзина од 150 километри на час, по што во текот на денот тие се намалија до 75 километри на час.
Метеоролозите предвидуваат дека бурата, која се движи кон сојузната држава Охајо, ќе продолжи да слабее како што ќе навлегува се подлабоко во континенталниот дел на САД, но и во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови во реоните низ кои ќе минува.
Не е ислкучено кон средината на следната недела бурата да направи „остро свртување“ и да се упати кон државите на централнот дел на Источниот Брег на САД и кон реонот на Нова Англија.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
