Најмалку едно лице загина во страшно невреме во Истанбул | ВИДЕО

Попладнево катастрофално невреме го погоди Истанбул и други делови од Турција, загина најмалку едно лице а нанесена е голема материјална штета на градот.
Според турските медиуми, една жена е убиена во квартот Есенјурт во Истанбул, каде од силни удари бил откорнат дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија. Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.
На друго место во градот, ветрот сруши саат-кула, откорна дрвја и преврти најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.
Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.
Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.
Ново на Сител
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
