Најмалку еден убиен и 12 ранети во престрелка во Тенеси
Вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси, при што загина најмалку едно лице, а 12 се повредени пред самиот да се застрела, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во самопослуга во Колирвил, град источно од Мемфис. Напаѓачот починал од „самонанесена прострелна рана“, изјави за новинарите началникот на полицијата во Колирвил, Дејл Лејн. Лејн рече дека некои од повредените „имаат многу сериозни повреди“ и предупреди дека бројот на жртвите од трагедијата може да се зголеми.
Полицајци и екипи на С.В.А.Т. ја обезбеди областа и им помагаа на вработените и купувачите да ја евакуираат зградата, рече Лејн. Тој опиша „застрашувачка“ сцена во продавницата, каде полициските службеници нашле „луѓе скриени во замрзнувачи и во заклучени канцеларии“.
Лејн не откри дали напаѓачот бил вработен во продавницата, но додаде дека пукањето го истражуваат ФБИ и други федерални служби.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
-
Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија
-
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст