Македонија
1. July 2025 - 8:34

Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Вчера вечер во центарот на Скопје избувнал пожар во една од галиите поставени на реката Вардар. 

На терен веднаш интервенирале екипи на Противпожарната бригада со едно возило и пет пожарникари, кои успешно го изгаснале огнот.

Пожарот е локализиран и целосно изгаснат за кратко време, а причините за неговото избувнување сеуште не се познати.